„Русија игра двојна игра“, изјави во интервју за „Ди Цајт“ германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен.
„Од една страна, Русија го покрива со бомби населението на градот Алепо, а од друга, вложува напори на мировните преговори да го зачува државното уредување на Сирија и завојуваните страни да покажат подготвеност да се договорат“, ги пренесува нејзините зборови ТАСС.
Коментирајќи ја изјавата на канцеларката Ангела Меркел за наводното страдање на цивилите во Сирија поради руското бомбардирање, во вторникот Кремљ повика на многу внимателен и одговорен однос спрема изјавите по повод Сирија и регулирањето на сириската криза.
Покрај тоа, портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека не се презентирани никакви докази за руска одговорност за загинување на цивили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче