ЕУ не беше иницијатор на откажувањето на гасоводот „Јужен тек“, меѓутоа при евентуална обнова на проектот неговата реализација е можна само при целосно почитување на нормите на третиот енергетски пакет, изјави во интервју за РИА „Новости“ амбасадорот на ЕУ во РФ .
„Како што знаете, Европската Унија не беше таа што донесе одлука за откажување на реализацијата на проектот „Јужен тек“. Ние, како и претходно, остануваме приврзани на принципот на диверзификација на маршрутите и изворите за испорака на енергетски ресурси. Ако проектот биде обновен, тога неговата реализација треба да се одвива при целосно почитување на третиот енергетски пакет и другите законодавни акти на ЕУ“, изјави Ушацкас.
Претходно постојаниот претставник на РФ во ЕУ Владимир Чижов изјави дека не ја исклучува можноста за обнова на проектот „Јужен тек“ во „блиска иднина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче