Директорот на РФГ, продуцентот Алексеј Петрухин рече дека неговата продуцентска куќа го проучила бизнис-моделот на проектот „Игра на тронови“ и дека како и популарната серија филмот за Романови ќе го снимаат неколку режисери со свои екипи, а секоја ќе се занимава со одредена фамилија со свои главни ликови.
Главен режисер на „Време на процут“ ќе биде авторот на филмот „Виј“ Олег Степченко, а автор на сценариото – драматургот и новинар Олег Шишкин. Серијата ќе има 12 сезони, а секоја сезона по 12 епизоди.
Пред емитувањето на серискиот филм, кон крајот на 2017 година во кината ќе се појави долгометражен филм, а емитувањето на првата сезона на „Време на процут“ е планирано за почетокот на 2018 година, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче