НАТО „не бара нова конфронтација со Русија и не сака нова студена војна“, изјави во вторникот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференцијата пред почетокот на средбата на министрите за одбрани на Алијансата, планирана за 10-11 февруари.
„НАТО не бара нова конфронтација со Русија и не сака нова студена војна, и токму затоа сѐ што правиме е пропорционално и се презема исклучително во одбранбени цели“, изјави тој, пренесува ТАСС.
„Продолжуваме да бидеме насочени кон соработка и конструктивни односи со Русија. Токму затоа ги задржавме отворени каналите за политички дијалог во разни формати и на разни нивоа со Русија“, потенцираше Столтенберг.
Според неговите зборови, зголемувањето на военото присуство на Русија и НАТО на границите ја зголемува неопходноста од „преземање напори за намалување на ризиците, предвидливоста и транспарентноста на воената активност“, заклучи генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче