Москва: Учеството на терористите на преговорите во Женева е провокација

Москва смета дека учеството на терористичките групи „Ахрар ел Шам“ и „Армија на исламот“ на преговорите за регулирање на сирискиот конфликт е провокација смислена за прекин на средбата во Женева, изјави рускиот амбасадор во Сирија Александар Киншчак.

Рускиот амбасадор истакнува дека во Женева имало отворени политички провокации  кога на тимот преговарачи на опозицијата им се придружија претставници на „Армија на исламот“ и „Ахрар ел Шам“. „Мислам дека тоа е специјално направено, за да се откаже делегацијата на сириските власти  од контакт со нив, затоа што претходно беше јасно дека официјален Дамаск не сака да соработува со терористите“, ги пренесува РИА Новости зборовите на рускиот амбасадор во Сирија.

Белата куќа на 4 февруари изјави дека за прекинот на мировните преговори се одговорни режимот на Асад и Русија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган додаде дека преговорите се невозможни сѐ додека Русија продолжува да ги бомбардира силите на опозицијата во Сирија.

Официјален Дамаск смета дека сириската опозиција добила наредба од Саудиска Арабија, Катар и Турција да ги напушти преговорите во Женева.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња