За фактичкиот неуспех на сириските преговори во Женева во целост е одговорна Москва, пишува швајцарскиот весник „Ле Темп“. Затоа што токму поради нејзината поддршка Асадовата војска продолжува да ги победува одредите на опозицијата. Во оваа ситуација САД отворено зазедоа попустлив став и не сакаат да се мешаат, смета швајцарскиот весник.
Весникот смета дека за неуспехот на преговорите во Женева се одговорни силите на Башар Асад и руската авијација која ги поддржува, пренесува „РТ“.
„Русија се обидува вештаќки да го одржи режимот на Дамаск, но таа не може да создаде ништо што е долговечно. Тоа не може да трае во недоглед“, смета експертот за Сирија од Универзитетот во Единбург Томас Пјере.
Она што го стори Русија во Сирија последниве денови „многу личи на забивање нож во грб“, пишува весникот. Затоа што на неуспешните женевски преговори им претходеа бројни средба на Џон Кери и Сергеј Лавров.
„Американците денес можат колку сакаат да се прават невини и исплашени“, смета експертот. „Тие всушност прават да им се верува на руските ветувања поради многу едноставна причина: со оглед дека не сакаат поактивно да се вклучат во сирискиот конфликт, тие ја уништија својата резервна стратегија“.
Притоа три недели, колку што останаа до продолжувањето на преговорите, нема да можат значително да го променат распоредот на силите, смета весникот.
„Секоја недела ситуацијата станува сѐ посложена. За САД фактички задачата лежи во тоа колку е можно повеќе да ги намалат загубите“, смета експертот. Земјите сѐ уште продолжуваат да одржуваат „привид на помалку или повеќе целисходна борба против заедничкиот непријател, кој и понатаму е ИД”. „Но, војната против ИД ја води Западот, а не Москва“, што таа уште еднаш го покажа, истакнува „Ле Темп“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче