Изјавите на генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун дека Русија сноси одговорност за прекинот на сириските преговори во Женева, ѝ дава на Москва повод за сомневање во објективноста и непристрасноста на генералниот секретар. Ова е одговорот на портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на прашањето на медиумите за несовесните оцени за улогата на Русија во сириското регулирање. Коминикето е објавено во понеделникот, 8 февруари, на сајтот на министерството, пренесува „Лента.ру“.
Според зборовите на Захарова, „низа странски медиуми почнаа кампања за извртување на улогата на Русија во решавањето на сириската криза, тоа, особено, се однесува на операцијата на ВКС Русија и наводните жртви меѓу цивилното население како резултат на тоа“. Во рускиот дипломатски ресор истакнуваат дека „во овој процес се најде вмешан и генералниот секретар на ООН“.
Од МНР РФ изјавија дека во текот на настапот на лондонската конференција за хуманитарната ситуација во Сирија Бан Ки Мун „фактички ја префрлил врз Русија одговорноста за неуспехот на сириските преговори и деградацијата на хуманитарната состојба во Сирија“.
На 4 февруари генералниот секретар на ООН го објасни неуспехот на почетната етапа на преговорите за мирно решение во Сирија. „Многу е вознемирувачки што првите чекори во преговорите беа во сенка на недостатотокот од хуманитарна помош, како и од неочекуваното засилување на бомбардирањето и воените дејствија во Сирија“, рече тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче