Русија прва во Европа по бројот на корисници на широкопојасен интернет

Русија е на прво место во Европа и на четврто во светот по бројот на корисници на широкопојасен интернет, по САД, Јапонија и Кина.

„Росијскаја газета“, повикувајќи се на податоците на компанијата J'son & Partners Consulting, пишува дека Русија е прва во Европа по бројот на корисници на широкопојасен интернет.

Како што истакнуваат претставниците на компанијата „Ростелеком“, особена улога во овој успех одиграла владината програма за отстранување на „дигиталната нееднаквост“. Согласно таа програма (важи до 2020 година), во секое населено место со број на жители од 250 до 500 треба да има спроведено оптички кабел со брзина на пристап до интернет не помала од 10 Мбит/с.

„Засега според планот-графикот точки со брз пристап до Интернет (Wi-Fi) се изградени во 1,5 илјади села и населби“, ги цитира весникот зборовите на претставникот на компанијата „Ростелеком“.

Вкупниот број на корисници на широкопојасен интернет во Русија изнесува 30,3 милиони лица.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња