Анкара знае што треба да направи за нормализација на односите со Москва: таа треба да постапи во рамките на цивилизираните меѓудржавни односи, изјави во интервју за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков.
Претходно дипломатот изјави дека турските власти би требало да ја надоместат штетата за соборениот Су-24, да се извинат и да гарантираат дека слично нешто во иднина нема да се повтори. Портпаролот на турското МНР Билгич соопшти дека Анкара нема намера да го стори тоа.
„Турската страна прекрасно знае што треба да направи за да ги врати во нормален колосек руско-турските односи. Она што се зборуваше пред неколку недели, и денеска е вистина“ рече заменик-министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче