Велика Британија ќе префрли над 1,6 илјади војници и 300 единици оклопна техника во Јордан, каде ќе се одржат воените вежби „Шамал Сторм“, соопштува весникот „Телеграф“.
Со помош на маневрите британската армија планира да одработи логички шеми за префрлање на вооружување и жива сила во кризни зони во секоја точка на земјината топка, истакнува изданието.
„Маневрите „Шамал Сторм“ можат да станат одработување на вештини за префрлање на голем контингент на британските вооружени сили во Источна Европа во случај на конфронтација меѓу Русија и НАТО“, изјави неименуван извор во армијата на Велика Британија.
Без оглед на тоа што воените вежби ќе се одржат во Јордан, кој се граничи со Сирија, соговорниците на весникот негираат дека маневрите се на каков било начин поврзани со учеството на Велика Британија во борбата против „Исламската држава“.
„Тоа не се вежби насочени против „Исламската држава“. Напротив, ние пред сѐ се подготвуваме да ѝ се придружиме на САД во Украина, а не во Сирија“, изјави изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче