Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека се договорил со руското раководство за економска поддршка на неговата земја.
„Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев не само што ветија, туку и донесоа одлука за поддршка на економијата на Белорусија, колку и да е тешко тоа за Русија“, изјави Лукашенко, зборувајќи за исходот од неодамнешните средби со претседателот и премиерот на Русија.
Претседателот на Белорусија додаде дека во текот на средбата во Сочи страните детално разгледале многу проблеми и се договориле заеднички да ги надминат постојните потешкотии во економската сфера, пренесува „Взгљад”.
Во декември минатата година министерот за финансии Антон Силуанов изјави дека Белорусија го намали кредитното брање до Евроазискиот фонд за стабилизација и развој од 3 на 2 милијарди долари, но дека сѐ уште не е донесена одлука за издвојување на средствата. П
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче