Поништувањето на Московската спогодба за пријателство и братство од 1921 година, потпишана од РСФСР и Турција, би го поставила прашањето за гаранциите кои Русија како правна наследничка на СССР ги дава во врска со зачувувањето на повоените граници во Европа, изјави вишиот стручен соработник на Институтот за светска економија и меѓународни односи на Руската академија на науки Виктор Надеин-Раевски за РИА „Новости”.
Пратениците на руската Дума Валериј Рашкин и Сергеј Обухов (од Комунистичката партија на РФ) упатија до рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров предлог за поништување на Московската спогодба за пријателство и братство, потпишана на 16 марта 1921 година меѓу РСФСР и Турција. Во своето писмо пратениците укажаа на агресивната политика што ја спроведува Турција.
Стручњакот Надеин–Раевски потсети дека во склад со оваа спогодба е утврдена новата североисточна граница на Турција, а на Турците им е даден дел од ерменската и грузиска територија.
„Оваа спогодба, која претставува дел од системот на меѓународна безбедност, исто така ги утврдува границите, макар што Русија денес нема заедничка граница со Турција. Во рамките на ОБСЕ ние ја потпишавме спогодбата за европска безбедност и го гарантираме зачувувањето на повоените граници. Како правна наследничка на СССР, Русија доби место во Советот за безбедност на ОН и во другите меѓународни организации и ја презеде обврската да ги гарантира и чува границите во Европа. Тоа значи да оваа обврска има меѓународен и приоритетен карактер“, изјави тој.
Затоа, според неговите зборови, треба да се разгледа колку сериозно би се одразило поништувањето на спогодбата врз границите.
„Ова прашање треба сериозно да се проучи на ниво на правници кои се стручни за меѓународното право. Дали е потребно сегашната ситуација во регионот политички да се заострува?“, додава стручњакот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче