Прермиерот на Јапонија Шинџо Абе, говорејќи на годишниот „Општонационален конгрес за враќање на северните територии“, како што во Јапонија се нарекуваат четирите острови на Јужните Курили, изјави дека има намера да постигне најскоро решение на територијалното прашање со Русија и склучување на мировен договор.
„По војната изминаа 70 години и тоа, што до денес не е решен овој проблем, не може а да не се нарече вонредна ситуација“, ги цитира зборовите на Абе агенцијата „Кјодо“.
Истовремено премиерот вети на насобраните дека „упорно ќе води преговори“ за решавање на проблемот на „северните територии“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче