Медиум: Германските политичари ја обвинија Русија за „груб цинизам“

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер остро ги критикуваше активностите на Русија во Сирија, велејќи дека руските воздушни напади го променија односот на воените сили и предизвикаа нов бран бегалци, пишува „Франкфуртер Алгемајне“.

„Во моментов не може повторно да се жртвува шансата за политичко решение во името на кратковида воена тактика“, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер за „Франкфуртер Алгемајне“.

„Руските воздушни напади го променија односот на воените сили и предизвикаа нов бран бегалци. Потребно е да се обноват прекинатите преговори во Женева, да се постигне примирје и да се направат хуманитарни коридори во регионите на Сирија што се под опсада“, нагласи Штајнмаер.

Политичарите на владејачката коалиција во Германија ги осудија руските бомбардирања, констатира германскиот весник. „Дејствијата на Русија претставуваат одраз на груб цинизам на политиката што ја спроведува Москва“, изјави претседателот на Одборот за надворешна политика на Бундестагот Норберт Рентген. Тој смета дека Русија сака најпрвин да ја бомбардира антиасадовската опозиција, а потоа да ги повика останатите на заедничка борба против „Исламската држава“. Односно Кремљ ќе предложи решение за проблемот што самиот го создаде. Рентген додава дека на Русија ѝ одговара зголемување на бројот на бегалците кои сакаат да се упатат во Европа.

И претставникот на германската влада за соработка со РФ Гернет Ерлер има коментар на таа тема, пренесува весникот. Да се сака мирно решение и да се продолжува со бомбардирање се неспоиви нешта, изјави овој политичар и додава дека не треба да се тестира желбата на другите земји да се борат за мир, а истовремено самиот да сметаш на воени решенија на конфликтот, затоа што тоа нема да донесе ништо добро, пренесува „РТ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња