Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин изјави дека не препорачува никому да се натпреварува со ловците Су-35С во Сирија.
„Искрено никому не советувам да се натпреварува со таа птица на небото на Сирија“, напиша тој на својот Фејсбук-профил и додаде снимка од 2013 година.
Суперманеварските ловци Су-35С минатата недела почнаа да извршуваат борбени задачи во Сирија, пренесува „Взгљад”.
Авионите Су-35 во авиобазата „Хмејмим“ во Латакија ќе вршат 24-часовно дежурство во парови, подготвени да полетаат секој момент .
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче