Техеран и Москва водат преговори за укинување на визите за туристички групи, но за целосно укинување на визите меѓу двете земји засега не станува збор, пренесува „Интерфакс“.
„Веќе водиме преговори за укинување на визите меѓу групите на туристи, но за целосно укинување на визите меѓу двете земји засега е рано да се зборува, тие предлози доаѓаат од Државната дума на РФ“, изјави амбасадорот на Иран во РФ Мехди Санаи во саботата.
Покрај тоа, Иран очекува веќе во 2016 година да добие од Русија кредит од 5 милијарди долари.
„Се надеваме дека веќе годинава кредитната линија од 5 милијарди долари ќе биде отворена“, рече амбасадорот на Иран во РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче