Вашингтон продолжува со дестабилизирачките дејствија, развивајќи го глобалниот систем за противракетна одбрана и програмата за „глобален удар“, изјави за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков.
Белата куќа во петокот ја повика Русија на преговори за понатамошно намалување на нуклеарните арсенали. Важечкиот договор за намалување на стратешкото офанзивно вооружување (СОВ-3) стапи на сила во 2011 година.
„Втората околност, која нѐ лишува од можноста за преговори за понатамошно намалување (на нуклеарното вооружување) е поврзана со континуираната дестабилизирачка активност на Вашингтон во сферите како што е создавањето глобален систем за ПРО, продолжувањето на разработка на средства способни да нанесуваат неутрализирачки напади без употреба на нуклеарни боеви глави, но со дострел еднаков на дострелот на стратешките средства. Мислам на програмата за „глобален удар“, изјави дипломатот.
Системот за брз „глобален удар“ на САД предвидува создавање хиперзвучен носител кој ќе може да нанесе високопрецизен ненуклеарен удар од американска територија врз цели на целата Земјина топка за приближно еден час по лансирањето. Овој систем ќе овозможи нанесување ненуклеарен удар кој ги неутрализира стратешките нуклеарни сили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче