Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека сириските власти и Русија ја прекршуваат резолуцијата на СБ ООН за прекин на огнот во Сирија, пренесува „Интерфакс“.
„Русите дадоа некои конструктивни иницијативи кои се однесуваат на тоа како огнот во Сирија може да биде прекинат. Но ако е ова единствено само колку да се каже за да продолжат бомбардирањата, никој нема да ги прифати тоа. Ќе дознаеме следниве неколку денови“, изјави тој по средбата со претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос во Вашингтон.
Шефот на американската дипломатија исто така истакна дека употребата на „фугасни бомби“ од страна на руските ВКС во Сирија води кон „огромен број жртви“ меѓу жените и децата поради непрецизноста на нанесуваните напади.
„Тоа треба да престане“, потенцираше државниот секретар.
Тој повторно побара од Русија да престане со поддршката за сирискиот претседател Башар Асад потсетувајќи дека во Москва му кажал на претседателот на РФ Владимир Путин дека „додека е Асад на власт, војната не може да биде прекината“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче