До крајот на 2016 година корпорацијата „МиГ“ ќе ги испорача во Северна Африка првите два авиона МиГ-29М/М2 согласно договорот потпишан пролетта 2015 година. Ова во саботата, 6 февруари, го изјави заменик-директорот на корпорацијата Алексеј Бескибалов, пишува „Лента.ру“.
Претставникот на „МиГ“ не ја наведе земјата-нарачател, меѓутоа медиумите имаа соопштено за потпишаниот договор со Египет на крајот на мај 2015 година.
Нарачателот треба да добие повеќе од 50 ловци чија испорака треба да заврши до 2020 година. Потпишаниот договор стана најголем за „МиГ“ во постсоветскиот период.
„Рособоронекспорт го потпиша најголемиот договор во целата историја на воено-техничката соработка, според кој ние треба да испорачаме над 50 авиони МиГ-29М/М2 (...) Тоа ќе им даде работа на капацитетите на нашето претпријатие и во Луховиц, и во Нижни Новгород до 2020 година“, истакна Бескибалов.
Претходно беше соопштено дека Каиро треба да добие 46 ловци-едноседи МиГ-29М и шест или осум двоседи МиГ-29М2, наменети за борбена подготовка на пилоти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче