Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу ги коментираше изјавите на руското Министерство за одбрана во врска со подготовките за воено навлегување на Турција во Сирија, изјавувајќи дека Русија врши некакви „злосторства“ на територијата на Сирија, соопштува агенцијата „Ројтерс“.
Претходно портпаролот на МО РФ генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека постојат „сериозни основи за сомневање дека интензивната подготовка на Турција е за воена инвазија врз територијата на Сириската Арапска Република“, вклучително и поради необично прецизните артилериски гранатирања во реонот на Латакија, како и одбивањето за реализација на набљудувачки лет на руска мисија над турска територија согласно Договорот за отворено небо.
Како што пренесува агенцијата, Давутоглу изјавил дека „Турција има право да применува секакви мерки за заштита на својата безбедност“, додавајќи дека со таквите изјави Москва се обидува да го „оттргне вниманието од своите криминални дејствија“ во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче