Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ќе се сретне со папата Франциск, соопштува „Ројтерс“. Ова е прва од ваков вид средба во историјата.
Ватикан соопшти дека понтифот и поглаварот на Руската православна црква ќе се сретнат на 12 февруари на аеродромот на Куба. Патријархот и папата ќе потпишат заедничка декларација за идните односи меѓу Ватикан и РПЦ.
Централна тема на средбата ќе биде прогонот на христијаните.
Во соопштението се истакнува дека средбата меѓу папата и патријархот ќе биде прва во историјата и ќе претставува извонредно важен прв чекор на патот на заздравување на односите меѓу западната и источната гранка на христијанството по Големата шизма во 1054 година. Поделбата не е надмината до ден-денес, без оглед на тоа што во 1965 година меѓусебните анатеми беа меѓусебно повлечени од страната на папата Јован Павле VI и Вселенскиот патријарх Атинагора, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче