Во Јакутија прават сребрен „Оскар“ за Леонардо Ди Каприо

Жителите на Јакутија започнаа проект „Оскар за Лео“.

За разлика од традиционалниот, јакутскиот „Оскар“ ќе биде во целост излиен од сребро, а во рацете место меч ќе го држи националниот ритуален сад чороон.

„Ди Каприо беше повеќепати кандидиран за „Оскар“, но статуетката ја нема добиено. Повеќе не можеме да сметаме на членовите на академијата“, тврди организаторот на проектот, предавач на Арктичкиот државен институт за култура и уметност Татјана Егорова. „Треба да создадеме свој „Оскар“, јакутски, и да му го врачиме во знак на благодарност на актерот за неговото творештво од името на домородните народи на Северот“.

Својот „Оскар“ Јакутите решија да го излеат од сребро. Тоа е најпопуларниот јакутски метал кој има заштитни функции и симболизира чистота. Во рацете статуетката нема да држи меч, туку ритуалниот јакутски сад чороон – симбол на дружељубивоста и искреноста на намерите.

„Обично се прави од цела бреза, но за Ди Каприо ќе направиме исклучок“, вели Егорова.

Работата над проектот веќе почна. Скулпторот Николај Чоччасов и јувелирот Прокопиј Протопопов ќе го претстават неделава. Што се однесува до материјалот за статуетката – тоа е старо сребро со кое колегите им помогнаа на авторите. Сепак, грижејќи се дека можеби ќе нема доволно сребро, љубителките на Ди Каприо по сопствена иницијатива ги жртвуваа за „Оскарот“ своите сребрени прстени, белегзии и обетки, пишува „МК.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња