НАТО: Русија планираше нуклеарен напад врз Шведска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во својот извештај тврди дека Русија во текот на своите големи воени вежби одработувала можни нуклеарни напади врз земји-членки и партнери на НАТО.

Во годишниот извештај генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг тврди дека бројот на воени вежби на руската армија последниве три години значително пораснал и притоа во текот на некои маневри се одработувала и примена на нуклеарно оружје, пренесува РИА „Новости“.

Столтенберг како пример ја наведува 2013 година кога, според неговите зборови, Русија одржала 18 големи воени вежби.

„Овие маневри вклучуваа симулација на нуклеарни напади врз земји-членки и партнери на НАТО, на пример маневрите во март 2013 година за напад врз Шведска“, се истакнува во извештајот.

Генералниот секретар на НАТО ги нарече таквите активности на Москва „непредвидлив и дестабилизирачки фактор“ во системот за безбедност на Алијансата.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња