Лавров и Кери се договорија за Сирија

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери во текот на телефонскиот разговор на 4 февруари дискутираа за прашањата во врска со сириското решение. Страните се договорија да ги координираат заедничките активности за испорака на хуманитарна помош во блокираните реони на земјата по воздушен пат, се вели во соопштението на сајтот на МНР РФ.

Во текот на разговорот руската страна изрази загриженост од условите на некои претставници на антивладините сили во текот на мировните преговори во Женева. Државниот секретар на САД од своја страна истакна дека силите на сириската армија треба да престанат да вршат напади во реоните на „умерената“ опозиција и да обезбедат достава на хуманитарните пратки во тие региони.  

Шефовите на дипломатиите исто така се договорија да ги преземат сите напори за максимално да се намали паузата во сириските преговори и да се реши насушниот проблем.

Меѓу другото, тие ги потврдија плановите за одржување министерска средба на меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен на 11 февруари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња