Ињариту feat. Тарковски: „Повратникот“ цитира руски филмови

Руски дизајнер најде сличности меѓу „Повратникот“ и некои од филмовите на рускиот режисер Андреј Тарковски.

Рускиот дизајнер Миша Петрик ја забележал сличноста на сцените во филмот „Повратникот“ на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Ињариту кој претендира на „Оскар“, со сцени од филмовите на рускиот режисер Андреј Тарковски „Ивановото детство“, „Сталкер“, „Андреј Рубљов“, „Огледало“ и „Носталгија“.

Монтажата со сцените-близнаци проследена со музиката на јапонскиот музичар Рјуичи Сакамото Петрик ја објави на Вимео и Јутјуб.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња