Претходно Песков соопшти дека Путин и Кисинџер одамна ги врзуваат дамнешни односи и дека тие постојано комуницираат. Според неговите зборови, Путин ја цени можноста за таква средба во смисла на разгледување на тековните прашања од светската политика и размена на мислењата, пренесува „Взгљад“.
„Путин многу ја цени таквата можност за разгледување на тековните прашања од светската политика, размена на мислењата за перспективите за развој на ситуацијата во иднина“, рече Песков.
Кисинџер беше на функцијата државен секретар на САД во 1970-те години. Тој е еден од авторите на политиката на детант во односите со СССР.
Во текот на последниве децении Кисинџер е еден од највлијателните експерти по прашања за надворешната политика на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче