Национална идеја во РФ има, тоа е патриотизмот, никаква друга идеја не треба да се смислува, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
„Никаква друга идеја нема да смислиме, а и нема потреба да смислуваме“, изјави Путин на средбата со активот на „Клубот на лидери“ за промоција на бизнис-иницијативи.
„Ние немаме никаква друга, и не може да има друга обединувачка идеја освен патриотизмот“, потенцираше тој.
„Тоа е националната идеја. Таа не е идеологизирана, не е поврзана со дејноста на некоја партија. Тоа е поврзано со заедничкиот обединувачки принцип. Ако сакаме да живееме подобро, треба земјата да биде попривлечна за сите граѓани, поефикасна“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче