Членките на ЕУ, веројатно, ќе дискутираат за укинување на санкциите против РФ на маргините на претстојната Минхенска конференција за безбедност, изјави во средата за агенцијата „Спутник“ американскиот сенатор Џон Меккејн.
„Тоа нема да се дискутира отворено на конференцијата, но ќе има многу разговори меѓу претставницие на Европа“, изјави Меккејн.
Сенаторот истакна дека меѓународните лидери и претставници ќе добијат можност да се сретнат неофицијално за да ги разгледаат другите прашања на маргините на конференцијата.
Меккејн додаде дека секој разговор за укинување на антируските санкции „ќе биде во редот на дискусиите на други платформи кои нема да бидат отворени“.
„Спутник“ истакнува дека отворената агенда на конференцијата предвидува дискусија за низа прашања, вклучително и за војната во Сирија, бегалската криза и другите закани за европската безбедност.
Годинава конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 февруари. Руската делегација ќе ја предводи премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче