Лондон се сомнева дека Москва сака да ја подели Сирија

Британија се сомнева дека Русија сака да создаде алавитска мини-држава на северозападот на Сирија, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд.

Британија се сомнева дека Русија сака да создаде алавитска мини-држава на северозападот на Сирија, соопштува „Ројтерс“.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд се сомнева дека главна цел на Русија е постигнување мирно решение во Сирија. „Дали навистина Русија се стреми кон мир, или таа едноставно го користи мировниот процес како смоквин лист, за да ги прикрие своите активности за достигнување воена победа на Асад, чиј резултат ќе биде создавање алавитска мини-држава на северозападот на Сирија?“

Освен тоа, Хамонд ја обвини Москва дека нападите на ВКС РФ ја засилуваат „Исламската држава“ и ги тераат умерените сунити да им се придружат на бунтовниците: „Русија учествува во преговорите во својство на една од движечките сили за политичко решение и истовремено ги бомбардира оние кои, како што сметаме ние, треба да станат иднината на Сирија. Тоа не може вечно да трае“.

Претходно Хемонд изјави дека Москва и Техеран одвај можат да бидат корисни во процесот за мирно решение на кризата во Сирија, затоа што „работат рака по рака со сирискиот режим“. Москва ги нарече овие изјави на британското МНР „опасни дезинформации“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња