Кремљ не е запознаен со филмскиот проект „Путин“

Претседателот на Русија нема слушнато дека се работи на филмски проект „Путин“ и дека наводно главната улога ќе ја игра Леонардо Ди Каприо, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Како прво, Владимир Владимирович (Путин) ништо не знае за тоа. Второ, ние исто така не знаеме дали Ди Каприо навистина изразил желба да го глуми Путин, ако воопшто постои таква улога. Да бидам искрен, никаде не ја најдовме таа изјава на Ди Каприо“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на Дмитриј Песков.

Претходно еден од главните менаџери на компанијата Knights bridge Entertainment Валериј Саарјан изјави дека филмскиот проект не е договорен со претседателот, без оглед на изјавите во некои медиуми дека шефот на руската држава е во тек со подготовките за филмот.

Според неговите зборови, тоа е уметнички филм кој не бара согласност, сепак „сите прашања... се проверени и повторно проверени од правниците на компанијата“.

На сајтот на Knights bridge Entertainment проектот на филмот е претставен со следнава најава: „Од офицер на КГБ, премиер – до претседател. Човек-мит. Поглед на приватниот живот и кариерата на еден од највлијателните луѓе на светот“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња