Анкара како и претходно го смета „Турски тек“ за комерцијален проект и смета дека Русија и Турција треба да одржат преговори за деталите на договорот, изјави за агенцијата „Спутник“ заменик-раководителот на турската мисија во Вашингтон Тугај Тунџер.
„Ние сѐ уште го сметаме „Турски тек“ за комерцијален проект. Ако Русија посака да одржи преговори, можеме да дојдеме и да го разгледаме тоа.
Двете страни треба да седнат и да ги разгледаат деталите на договорот, како што направивме за „Син поток“ пред десет години“, изјави Тунџер, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче