Иран, Русија, терористичката група „Исламска држава“ и Кина претставуваат главни предизвици за САД, изјави во вторникот шефот на Пентагон Ештон Картер, пренесува РИА „Новости“.
„Кина и Русија се нашите главни соперници“ во воената индустрија, истакна американскиот министер за одбрана говорејќи во Вашингтон. Притоа тој потенцираше дека САД „не сакаат никаков конфликт со ниту една од страните“.
Истовремено, призна Картер, „ние не можеме да замижуваме пред овие предизвици“.
Меѓу другите предизвици за Вашингтон тој ги наведе Иран и „групата ИД во зајакнување“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче