Москва инсистира на учество на Курдите во преговорите за Сирија

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација смета дека Курдите имаат сериозно политичко влијание во Сирија.

Курдите имаат сериозно политичко влијание во Сирија, смета Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Русија инсистира на учество на Курдите во преговорите што се одржуваат во Женева, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Генадиј Гатилов.

Курдите контролираат голем дел од сириската територија и имаат право на глас, рече Гатилов, а пренесува „РенТВ“.

„Затоа се залагаме Курдите од самиот почеток да учествуваат во сириските преговори“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња