За еден ден Московската државна академска филхармонија продаде годишни билети за 90 милиони рубли, соопшти за „Интерфакс“ прес-службата на Министерството за култура на Русија.
„Културните луѓе од редиците за Серов (кога изложбата по повод 150-годишнината од раѓањето на сликарот Валентин Серов во Третјаковската галерија ја посетија речиси 500 илјади луѓе) се преместија на билетарниците на филхармонијата. За еден ден за концертната сезона 2016-2017 филхармонијата продаде сезонски билети за 90 милиони рубли“, се вели во соопштението на министерството.
Од филхармонијата за „Интерфакс“ соопштија дека првиот ден биле продадени 34 илјади сезонски билети, од кои три четвртини - преку интернет.
Онлајн-продажбата на билети почна на 1 февруари. Претходно прес-службата на московската филхармонија соопшти дека секоја минута на сајтот се продавале над 10 билети. Исто така оние што сакаат можат да купат сезонски билети на касите или да резервираат. Филхармонијата во моментов нуди вкупно 238 сезонски билети со вредност од 400 до 4000 рубли. Продажбата на сезонските билети се затвора во септември 2016 година, кога почнува новата сезона.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче