МНР РФ: Забранет влез во Русија за уште петмина Американци

Претходно властите на САД го проширија „списокот на Магницки“ со петмина руски државјани.

МНР РФ подготви список со петмина државјани на САД на кои ќе им биде забранет влез во Русија како одговор на проширувањето на таканаречениот „список на Магнитски“, соопшти министерството, а пренесува РИА „Новости“.  

„Мораме исто така да напоменеме дека токму САД на почетокот на 21 век официјално ја озаконија и активно ја применуваа средновековната тортура. Кај нас не заборавија на тоа. Објавуваме список со петмина дејци на американскиот систем  „за спроведување на законот“ на кои како одговор на антирускиот курс на Вашингтон им е забранет влез во Русија“, се вели во изјавата на МНР РФ.

Влез во Русија им е забранет на поранешни претставници на судската власт на САД – поранешниот министер за правда Алберто Гонзалес, поранешниот заменик-министер за одбрана на САД за политички прашања Даглас Фејт, поранешниот главен правен консултант на ЦИА Џон Рицо, поранешниот заменик-министер за правда на САД Џеј Бајби и поранешниот главен правен консултант на Министерството за одбрана на САД Вилијам Хејнс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња