Американскиот актер Леонардо Ди Каприо даде првична согласност за учество во биографски филм за претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти телевизијата „Дожд“ повикувајќи се на извори блиски до филмската компанија „Најтсбриџ Ентертејнмент“, пренесува „Лента.ру“.
Снимањето на филмот ќе почне пролетта оваа година, а филмот треба да биде пуштен во дистрибуција следната година. Филмот ќе се снима во Русија, САД и Европа.
Според зборовите на главниот менаџер на „Најтсбриџ ентертејнмент“ Валериј Саарјан, работата над филмот почнала уште во 201 година и сценариото е речиси завршено. Во филмот ќе играат редица холивудски ѕвезди чии имиња засега се држат во тајност. Продуцент на филмот ќе биде актерот и продуцент Мет Дејмон.
Како што соопшти телевизијата, рускиот претседател е информиран за филмот што се подготвува.
Претходно Ди Каприо изјави дека би сакал да ги игра Путин, како и Владимир Ленин и Григориј Распутин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче