Министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев изрази жалење по повод негативните тенденции во односите на Русија со европските земји. Тој истакна дека историскиот избор во полза на развојот на односите со Европа како првостепен партнер е очигледен и дека режимот на санкции е „игра со негативен резултат“.
„ЕУ е историски најголемиот трговски, економски и инвестициски партнер“, рече Уљукаев.
Според неговото мислење, режимот на санкции и контрасанкции – „тоа е игра не со нула – со негативен резултат во која нема добитници, во која сите губат“.
„Кога се зборува за тоа која економија е најголема во светот, за тоа дека Кина ја предизвикува Америка и така натаму, тие што зборуваат забораваат дека најголемата економија во светот е економијата на Европската унија“, додаде тој, истакнувајќи дека уделот на ЕУ во светскиот БДП е најголем во светот.
„Кина и Америка можат да спорат меѓу себе која е втора“, изјави Уљукаев, пренесува „РТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче