МНР РФ: Изјавите на Турција нема да влијаат на преговорите за Сирија

Заменик-министерот за надворешни работи на РФ Генадиј Гатилов потврди дека групата за поддршка на Сирија како и претходно има намера да одржи преговори на 11 февруари.

Изјавите на Турција за наводно ново нарушување на нејзиниот воздушен простор од страна на руски воен авион нема да влијаат на преговорите за Сирија планирани за 11 февруари во Минхен, изјави за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на РФ Генадиј Гатилов.

„Не мислам (дека ќе влијаат)“, изјави тој, воздржувајќи се од детални коментари.

Гатилов исто така потврди дека групата за поддршка на Сирија како и претходно има намера да одржи преговори на 11 февруари. „Средбата е планирана, имаме датум“, истакна рускиот дипломат.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња