Меркел: Европа ќе ги продолжи санкциите против Русија

„Санкциите би можеле да бидат укинати доколку спогодбата „Минск-2“ би била спроведена“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Европската унија ќе ги продолжи санкциите против Русија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко, пренесува ТАСС.

„Бидејќи „Минската спогодба“ не беше исполнета до крај, ќе мораме да ги продолжиме санкциите против Русија“, рече Меркел. Таа додаде дека санкциите можат да бидат укинати во случај на имплементација на спогодбата „Минск-2“.

„Сметаме дека би било подобро за сите таа спогодба да биде реализирана и да има услови за укинување на санкциите, но сѐ уште не сме го постигнале тоа“, нагласи таа..

Таа исто така истакна дека на истокот на Украина сѐ уште нема целосен прекин на огнот.

 „Учесниците во „Нормандискиот формат“ треба да постигнат договор за гаранција на мирот во Донбас“, смета канцеларката.

„Треба да се договориме за мерките кои ќе гарантираат мир (во Донбас)“, изјави Меркел.

„Ги продолжуваме преговорите во „Нормандиски формат“ за да го регулираме конфликтот во Донбас и ќе продолжиме да се движиме во тој правец. Ќе се обидеме уште еднаш да седнеме и да разговараме за тоа како да ја решиме ситуацијата во Донбас и Луганск“, рече германската канцеларка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња