Рускиот Генералштаб има намера да ги тестира во борбени услови во Сирија најновите ловци Су-35С, соопштуваат руските медиуми.
Според неофицијалните информации, станува збор за четири авиони кои во октомври-ноември минатата година им беа предадени на ВКС Русија од фабриката за авиони во Комсомолск-на-Амур, пишува „Комерсант“.
Според зборовите на извор во Генералштабот, во моментов бројот на мешаната авиогрупа на ВКС Русија во авиобазата „Хмејмим“ надминува 70 авиони и хеликоптери.
На крајот на декември минатата година беше соопштено дека најновите Су-35С првпат стапија на борбено дежурство во противвоздушната одбрана.
Су-35 (според кодификацијата на НАТО - Flanker-Е+) е руски повеќенаменски ловец од генерација 4++.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче