Кремљ се потпира на изјавата на Министерството за одбрана на РФ за тоа дека немало никаков нов инцидент во кој руски авион го повредил воздушниот простор на Турција, рече портпаролот на рускиот претседател по повод информациите за „портокалов степен на борбена готовност на Турција“.
„Се раководиме според информациите што ги даде нашето Министерство за одбрана. Ќе потсетам дека претставниците на МО ги демантираа изјавите на турската страна дека наш авион наводно го повредил турскиот воздушен простор, рече Дмитриј Песков, пренесува „ЛајфЊуз“.
Песков додаде дека претседателот на Руската Федерација е запознаен со желбата на Реџеп Таип Ердоган за лична средба со Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче