На новиот список најскапи брендови Global 500 2016 што составува консалтинг-агенцијата Brand Finance, се најдоа четири руски компании – „Сбербанк“, „Лукоил“, „Гаспром“ и МТС. Ова во понеделникот го соопшти агенцијата „Рамблер Њуз Сервис“.
Притоа „Сбербанк“ се спушти на новата листа од 147 на 205 место, „Лукоил“, пак, се качи од 245 место на 230, позицијата на „Гаспром“ се спушти од 187 на 299, а на МТС – од 390 на 437.
Агенцијата истакнува дека во тековната година рејтингот го напуштиле руските компании „Магнит“ и „Мегафон“ кои една година претходно ги заземаа 313 и 486 место.
Највлијателен бренд, според мислењето на BrandFinance, во моментов претставува компанијата „Дизни“. Нејзината вредност е проценета на 31 милијарда долари. Одлуката на Brand Finance пред сѐ е поврзана со излегувањето на седмата епизода од серијалот „Војна на ѕвездите“, што стана најуспешен проект на „Дизни“ во сферата на кинематографијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче