Сириската опозиција сака да гради односи со Русија

Сириската опозиција се надева на воспоставување односи со Русија, меѓутоа, за да се случи тоа, Москва треба да ја промени својата позиција, изјави портпаролот на Врховниот комитет за преговори на сириската опозиција Монзер Махус.

Сириската опозиција смета на воспоставување односи со Русија, меѓутоа со таа цел Москва треба да ја промени својата позиција и да престане да го поддржува сегашниот претседател Башар Асад, изјави за новинарите портпаролот на Врховниот комитет за преговори на сириската опозиција Монзер Махус.

„Ние сакаме Русија да се сврти на страната на сирискиот народ. Сегашниот режим нема да се задржи на власт. Ние имавме добри односи со Русија во текот на 50 години. Треба да ги обновиме, но за тоа Русија треба да ја промени својата позиција и да престане да го поддржува сирискиот режим“, изјави тој.

Според неговите зборови, сириската опозиција е намерена да воспостави односи со Русија, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња