Пентагон и НАТО со поддршка за Турција

НАТО и Пентагон ги поддржуваат обвинувањата на Анкара за наводното нарушување на турскиот воздушен простор од страна на руски воен авион.

„Ние сме во тек со информациите и можеме да потврдиме дека вчера уште еден руски воен авион го наруши воздушниот простор на Турција и НАТО“, изјави портпаролот на Пентагон Марк Рајт, пренесува „Взгљад“.

„Како што изјавивме по претходните инциденти, САД се придружуваат на НАТО во солидарноста со Турција и ја повикуваме Русија да го почитува воздушниот простор на Турција и да престане со активностите кои доведуваат до ризик од зголемена нестабилност во регионот. Важно е Русите и Турците да зборуваат едни со други и да преземаат мерки за спречување на ескалацијата“, додаде претставникот на Пентагон.

Од своја страна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија „во полна мера да го почитува“ воздушниот простор на земјите-членки на Северноатлантската алијанса, се вели во изјавата на НАТО што ја пренесува „Дојче Веле“.

„Ја повикувам Русија да дејствува одговорно и во полна мера да ги почитува воздушниот простор на НАТО. Русија треба да ги преземе сите неопходни мерки за да гарантира дека таквите нарушувања повеќе нема да се повторат“, потенцира Столтенберг.

Според неговите зборови, претходните инциденти покажаа колку е опасно таквото однесување. „Ги поздравувам директните контакти меѓу Анкара и Москва и повикувам на спокојство и деескалација“, заклучи генералниот секретар на Алијансата.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња