Зајакнувањето на партнерските односи меѓу Русија и Германија може да даде поттик за зајакнување на двете држави, сепак таквиот развој на настаните претставува закана за интересите на САД, истакна основачот на „Стратфор“ Џорџ Фридман во интервју за „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.
Германија денес се наоѓа под огромен притисок и е многу ранлива економски, што значи, нејзе ѝ е потребна активна соработка со други земји. Сепак во изборот на партнери таа е мошне ограничена: на пример, поволното за неа во секаков поглед зближување со Русија ќе предизвика огромно незадоволство од страна на САД, смета Фридман.
Според зборовите на аналитичарот, важна цел на Вашингтон, која Американците имаат намера да ја реализираат и во иднина е да не се дозволи затоплување на односите меѓу двете земји. Притоа, како што истакнува Фридман, „САД не се единствената земја која се стреми да ги спречи зајакнувањето на соработката меѓу Москва и Берлин. Во Европа постојат доволно држави кои се залагаат против таков сојуз, на пример, во редовите на лутите противници влегуваат Полска и Франција“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче