Експерт: Анкара болно реагира на успесите на руската војска

Последните изјави на раководството на Турција треба да се гледаат како болна реакција на успешната борба на ВКС Русија со терористичката група „Исламска држава“, изјави воениот експерт Александар Перенџиев.

Членот на Здружението на воени политиколози Александар Перенџиев е убеден дека изјавите на турското раководство за наводно нарушување на воздушниот простор на Турција од страна на руски авион треба да се сметаат како болна реакција на Анкара на извонредните успеси на руската војска која продолжува да ја уништува инфраструктурата на ИД, вклучително и нафтената, нанесувајќи ѝ штета на „џебната економија“ на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

„Тоа не е само болна реакција, туку и обид да ѝ се парира на Русија, да се запре нејзината активност преку создавање на тие конфликти“, изјави Перенџиев за весникот „Взгљад“.

Експертот објасни дека  таквата скриена агресија на властите на Турција против Русија пред сѐ  се изразува преку помошта за борците на ИД. Освен тоа, турската војска до ден-денес ја нема напуштено територијата на Северен Курдистан, а индиректно тие дејствија се насочени против коалицијата предводена од Русија.  

„Исто така Турција дејствува заедно со Саудиска Арабија, токму во прашањата за спротивставување на Русија. Конфликтите што ги гледаме е само површинскиот дел на сантата мраз. Фактички ние уште многу работи не знаеме што навистина се случува во вид на конфликт меѓу Русија и Турција непосредно на територијата на Сирија. Веќе се појавуваат информации за судири на сириската армија со турската војска. Турците нанесуваат удари врз Курдите, кои фактички се сојузници на Русија против „Исламската држава“. Односно во целина Турција фактички во скриена форма ѝ помага на ИД, која и не одрекува дека Турција е нејзин сојузник“, вели воениот експерт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња