12 загинати во пожар во Москва

Пожарот настана во конфекција на улицата „Строминка“ во Москва и притоа загинаа 12 лица.

Ополномоштениот претставник за правата на детето Павел Астахов изјави дека меѓу загинатите во пожарот на улицата „Строминка“ во Москва има три деца, пренесува РИА „Новости“.

Пожарот настана ноќта во саботата спроти неделата во зграда на улицата „Строминка“ и беше неутрализиран 00:55 часот. Првичните соопштенија велат дека загинале 12 лица.  Поднесена е кривична пријава за намерно уништување на имот со последица смрт на лице поради невнимателност.

„Во текот на пожарот во конфекција на улицата „Строминка“ во Москва загинаа три деца. Едно од нив е бебе“, напиша Астахов во неделата на својот „Твитер“.

Како што претходно беше соопштено, истрагата разгледува различни верзии за настанувањето на пожарот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња