Сириската опозиција ќе учествува во преговорите во Женева

Претставник на сириската опозиција претходно изјави дека опозицијата е подготвена да седне на преговарачка маса со делегацијата на сириските власти.

Делегација на сириската опозиција ќе учествува на преговорите во Женева, соопшти агенцијата „Ројтерс“.

Според информациите на „Франс Прес“, делегацијата планира да пристигне во Женева во сабота навечер.

Официјалниот претставник на Врховниот комитет за преговори (ВКП) на сириската опозиција Ријад Наасан Ага претходно изјави за РИА „Новости“ дека опозицијата е подготвена да седне на преговарачка маса до владините претставници доколку бидат исполнети нивните барања за подобрување на хуманитарната ситуација во Сирија.

Опозицискиот Врховен комитет за преговори во текот на неколку денови во Ријад заседаваше и до последен момент не беше познато дали ќе учествува на преговорите во Женева. Тоа беше поврзани со барањата кои, според мислењето на комитетот, Дамаск требаше да ги исполни пред почетокот на преговарачкиот процес. Барањата, пред сѐ, се однесуваат на таканаречените „хуманитарни прашања“, односно, на укинување на блокадите од градовите опколени од владините сили.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Џон Кери изјави за неприфатливоста на обидите на бројни сириски опозиционери да постават претходни услови за дијалог со властите.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња