Пентагон ја призна ефективноста на руската операција во Сирија

Портпаролот на американските сили кои учествуваат во контратерористичката операција во Ирак и Сирија полковник Стив Ворен призна дека операциите на ВКС во Сирија „ја менуваат ситуацијата“.

Операциите на ВКС РФ во Сирија „ја менуваат ситуацијата“, јакнејќи ја позицијата на претседателот на САР Башар Асад, призна портпаролот на американските сили кои учествуваат во контратерористичката операција во Ирак и Сирија полковник Стив Ворен, пренесува „Взгљад“.

„Тоа е особено забележливо во реонот на Алепо, каде руските напади се очигледно најинтензивни“, рече Ворен.

Руските воздушни напади му овозможија на режимот на Башар Асад да ги потисне како силите на умерената опозиција, така и во одделни случаи силите на ИД, додаде Ворен. Во реонот на Алепо се присутни сили на сите набројани страни, а во текот на последниве месеци руските напади му одат во полза на режимот и ѝ нанесуваат штета на умерената сириска опозиција, потенцира Ворен.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња