Медиуми: Русија го укинува попустот на гас за Турција

Турските медиуми јавуваат дека „Гаспром“ го укинал попустот на гас за турските компании од 10,25%. Извор за „Газета.ру“ потврдува дека се во тек преговори за укинување на попустот, а конечна одлука нема.

Како што велат експертите, Русија се обидува „да ја казни Турција на сите можни начини“, а тоа може да биде опасно за самата Русија, затоа што Турција ќе го исфрли „Гаспром“ од својот пазар, пренесува „Газета.ру“.

Турската агенција „Анадолу“ јавува дека од почетокот на минатата година попустот од 10,25% го користеле пет турски компании. Во 2014 просечната цена на гасот за Турција изнесуваше 374 долари за илјада кубни метри. Во првото тромесечје цената падна малку под 300 долари, а дополнително е понуден попуст од 10,25%, па на крај Турција купуваше илјада метри кубни руски гас за само 260 долари.

Турските компании купуваат годишно вкупно 25-26 милијарди кубни метри руски гас, што ги задоволува потребите на 60% од потрошувачите.

Руски извор за „Газета.ру“ изјави дека преговорите за цената на гасот за Турција се во тек, што е поврзано со падот на цената на нафтата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња